Домашниот тенисер Николас Давид Јонел е следниот противник на македонскиот тенисер Калин Ивановски на Челинџерот 100 што се игра во романскиот град Јаши. По двете победи во квалификациите над Брендон Волкин од Австралија и над Дан Томеску од Романија со 2-0 во сетови, Ивановски избори пласман на главниот турнир. По ждрепката беше одлучено Ивановски во првото коло да игра против 20-годишниот Романецот Јонел, кој се наоѓа на 192 место на АТП листата.
По денешната исцрпувачка победа македонскиот тенисер утре во попладневната програма ќе го игра мечот против Јонел, а почетокот нема да биде пред 17:30 часот, односно како петти меч на централниот терен.
Инаку денеска беа одиграни сите финални квалификациски мечеви, а победниците меѓу кои и Калин Ивановски изборија пласман на главниот турнир.
Резултати од второто финално коло од квалификациите:
Калин Ивановски (Македонија) – Дан Томеску (Романија) 76(9) 76(5)
Кирјан Жак (Франција) – Давид Пишлер (Австрија) 64 62
Хуан Баутиста Отегуи (Аргентина) – Михаел Врбенски (Чешка) 67(2) 64 63
Алекс Марти Пујолрас (Шпанија) – Габи Адриан Боитан (Романија) 61 61
Андреј Чепелев (Русија) – Лоренцо Боки (Италија) 75 62
Себастијан Гима (Романија) – Александру Јекан (Романија) 64 62
Турнирот во Романија е од рангот Челинџер 100 и се игра за награден фонд од 118.000 евра.