На терените на ТК Југ во Скопје денеска се одиграа 12 меча во поединечна конкуренција од првото коло од квалификациите од Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023. Во квалификациите настапија и четири македонски тенисери, а пласман во следната рунда која воедно е и финална избори само Обрад Марковски. Тој го совлада Егениј Карловски со 2-0 во сетови. Утре Марковски мечот за пласман на „главниот турнир“ ќе игра против Карол Држевиецки од Полска.
Полскиот тенисер денеска го совлада Бесир Дургути со 2-0 во сетови. Од останатите македонски тенисери Горазд Србљак загуби од Дује Ајдуковиќ од Хрватска со 2-0 во сетови, додека Берг Бугариќ загуби од Мате Валкуж од Унгарија со 2-0 во сетови.
Резултати од првиот ден – квалификации прво коло:
Сумит Нагал (Индија, 1.носител) – Рамкумар Раманатан (Индија) 63 63
Мате Валкуж (Унгарија,2) – Берг Бугариќ (Македонија) 64 61
Макс Касниковски (Полска,3) – Блаж Рола (Словенија) 16 75 75
Александер Веис (Италија,4) – Едас Бутвилас (Литванија) 64 46 62
Вилсон Леите (Бразил) – Улисес Бланч (САД,5) 10 предадено
Обрад Марковски (Македонија) – Евгениј Карловски (Русија,7) 62 61
Боскардин Диас (Бразил,8) – Јанаки Милев (Бугарија) 62 76(3)
Дује Ајдуковиќ (Хрватска,9) – Горазд Србљак (Македонија) 60 62
Матијас Бурже (Франција,10) – Гонзало Вилануева (Аргентина) 62 62
Богдан Бобров (Русија,11) – Микалаи Халиак (Белорусија) 75 64
Марко Топо (Германија) – Орландо Луж (Бразил,12) 61 64
Карол Држевиецки (Полска) – Бесир Дургути (Македонија) 62 61
Утре на програмата се шест мечеви од квалификациите, како и пет мечеви од првото коло од главниот турнир.