Интересни и возбудливи мечеви беа одиграни денеска на терените на ТК Југ во Градскиот парк во Скопје во рамките на Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023. Денешната програма беше во прекин и поради дождот, но и покрај малиот застој сите предвидени мечеви беа завршени – шест финални од квалификациите и пет од првото коло од „главниот турнир“.
Од македонските тенисери денеска настап имаше само Обрад Марковски во квалификациите, но го загуби мечот од полскиот тенисер Карол Дрзевиецки.
Победниците од финалните мечеви изборија пласман на „главниот турнир“.
Резултати квалификации – финале:
Сумит Нагал (Индија) – Богдан Бобров (Русија) 60 62
Мате Валкуж (Унгарија ) – Матијас Бурже (Франција) 62 60
Макс Касниковски (Полска) – Дује Ајдуковиќ (Хрватска) 57 75 76(3)
Александер Веис (Италија) – Марко Топо (Германија) 63 63
Вилсон Леите (Бразил) Педро Боскардин Диас (Бразил) 76(4) 64
Карол Дрзевиецки (Полска) – Обрад Марковски (Македонија) 62 75
Резултати прво коло:
Евгени Донски (Русија) – Мартин Ландалус (Шпанија) 76 (5) 75
Стивен Диез (Канада) – Едуардо Рибеиро (Бразил) 46 60 63
Џовани Фонио (Италија) – Мили Пољичак (Хрватска) 64 62
Жерар Кампана Ли (Кореја) – Даниел Дутра Да Силва (Бразил) 63 62