Третиот ден од Macedonian Open 2024 ќе има богата програма десет мечеви во сингл конкуренција со што ќе биде комплетирано првото коло, а ќе стартуваат и мечевите во конкуренција на двојки. Секако на дело ќе можат да се видат и некои од фаворитите како Италијанецот Марко Чекинато, Грузиецот Николоз Басилашвили, Чехот Јиржи Весели, додека интересен треба да биде и дуелот меѓу Лука Микрут од Хрватска и Ерги Киркин од Турција.
Во конкуренција на двојки ќе се појават и македонските тенисери. Димитар Грабул и Берк Бугариќ ќе играат протиц Џорџ Голдхоф (САД) и Александру Жечеан (Романија), додека Амар Хусеиновиќ ќе настапи заедно со Федерико Чина (Италија) и ќе играат против првите носители Гуидо Андреози (Аргентина) и Мигуел-Рејес Варела (Мексико).
РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИТЕ ПО ТЕРЕНИ
ЦЕНТРАЛЕН ТЕРЕН
Неил Оберлајтнер (Австрија) – Бор Артнак (Словенија) почеток 10:30 часот
Самуел Винсент Ругери (6,Италија) – Мирза Башиќ (БиХ)
Димитар Кузманов (4,Бугарија) – Рајан Сигерман (САД)
Гуидо Андреози, Мигуел-Рејес Варела (1,Аргентина/Мексико) – Федерико Чина, Амар Хусеиновиќ (Италија/Македонија)
ТЕРЕН БРОЈ 5
Александар Лазаров (Бугарија) – Марко Чекинато (Италија) почеток 10:30 часот
Николоз Басилашвили (Грузија) – Јонас Форејтек (Чешка)
Ендрју Полсон (Чешка) – Јиржи Весели (Чешка)
Берк Бугариќ, Димитар Грабул (Македонија) – Џорџ Голдхоф, Александру Жечеан (САД/Романија)
ТЕРЕН БРОЈ 6
Жоел Шваерцер (Австрија) – Сергеј Фомин (Узбекистан) почеток 10:30 часот
Лука Миркут (Хрватска) – Ерги Киркин (2,Турција)
Карол Држевиецки, Симон Валков (Полска) – Луис Давид Мартинез, Кристијан Родригез (2, Венецуела/Колумбија)
ТЕРЕН БРОЈ 8
Џовани Фонио (Италија) – Енрико Дала Вале (3,Италија) почеток 10:30 часот
Јохан Никлес (Швајцарија) – Александер Вајс (Италија)
Константин Битун Кузмин, Александер Донски (Франција/Бугарија) – Марко Бортолоти, Давид Пел (Италија/Холандија)
ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ