Развоен шампионат до 14 и Развоен тренинг камп до 12 години Анталија, Турција

March 15, 2022

25 Февруари до 6 Март 2022 година

Нашите тенисери репрезентативно настапуваат на Развојните проекти до 12 и 14 години кои секоја година се одржуваат во Анталија а се во организација на Интернационалната и на Европската Тениска Федерација.

На развојниот шампионат до 14 години тенисерите имаат можност да играат на два турнири од 2ра категорија кои се во календарот на Tennis Europe, додека на развојниот камп до 12 години тенисерите покрај секојдневните тренинзи настапуваат на два турнири кои имаат неофицијален карактер.

Пласман од првата недела на Развојниот шампионат до 14 години

Сара Митевска – 7 место
Самоил Честовалиев – 10 место
Кристијан Јанев – 13 место

Резултати:
https://te.tournamentsoftware.com/sport/draws.aspx?id=E1A0C219-9BCE-4965-AA0E-22CC8C262E35

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани