Спортскиот директор на Македонската тениска федерација Горан Шевченко и професорите Randall Griffiths од Incarnate Word Универзитетот во Сан Антонио како и Jacob Tingle и Angela Breidenstain од Trinity универзитетот во Сан Анотнио, остварија работна средба која е дел од успешната соработка на универзитетот Тринити од Сан Антонио, Тексас и Одбојкарскиот клуб Ѓорче Петров Волеј во областа на спортските активности и размена на искуства преку спортот.
Во текот на минатото лето тренерите Марјан Трајковски и Арсо Здравковски беа учесници, а воедно и координатори на проектот, подржан и финансиран од Стејт Департмент на САД, “МЛАДИНСКО ЛИДЕРСТВО ПРЕКУ СПОРТ” за Македонија, во Сан Антонио, Тексас.
15-та члена делегација од Тринити Универзитетот ја возврати посетата во Македонија остварувајќи партнерска врска која креира можност за збогатување на искуствата и знаењата низ различни спортски дисциплини, а сега со активно учество и на Тениската федерација на Македонија.
Преку внесување на иновативни програми и иницијативи, се надградува партнерството со можност да се прошири влијанието на спортот во сите сегменти, преку спортските настани и тренинзи до образовни работилници и размена на најдобри практики и креирање на стимулативна и инклузивна средина за сите. Гостите од САД изразија желба да се запознаат со начинот на работа и подготовката на спортистите пред се кај младите генерации.
Дел од Универзитет Тринити е и младиот македонски тенисер Иван Николовски, кој е студент на првата година. За време на средбата претставниците на двете страни разменија искуство во работата пред се со младите спортисти.