Без поголеми промени е и рангот на македонските млади тенисери и тенисерки за оваа недела. Кај момчињата до 18 години Амар Хусеиновиќ е најдобро рангиран на 531.то место со 112.75 поени. Следен на листата е Александар Трифуновски – 1074.то место, а следи Филип Стојановски на 1404.то место. Ранг во оваа возрасна категорија има уште и Горјан Вукичевиќ 3312.то место.
Кај девојчињата до 18 години Јана Божиновска е најдоброрангираната од Македонија на 1409.то место, Катја Ивановска е 1566.та, а Сара Митевска е на 2027.то место. Ранг имаат уште: Ана Митевска (2047); Теона Андова (2393); Ивана Милкова (2457) и Зара Зафировска (2656).
Во конкуренција на тенисери до 16 години Кристијан Јанев е рангиран на 294.то место, а вкупно 15 македонски тенисери имаат ранг. Кај девојчињата Сара Митевска е на 236.то место о вкупно седум македонски тенисери имаат ранг.
Сара Митевска воедно е најдобро рангираната македонска младинска тенисерка оваа недела бидејќи во својата возрасна категорија (14 години) се наоѓа на 47.то место со 380 поени, додека кај момчињата Марко Алексовски е рангиран на 245.то место. Кај девојчињата четири тенисерки од Македонија во оваа категорија имаат ранг, додека кај момчињата вкупно пет се рангирани.