Двете македонски тенисерки кои имаат поени и се наоѓаат на ВТА листата денеска имаат нови позиции. Лина Ѓорческа се наоѓа на 246.место со 295 поени. Тоа е седум поени помалку од претходната недела и затоа има пад од 14 позиции. Во конкуренција на двојки Ѓорческа има скок од пет места 422 место со 157 поени.
Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1339 место со три поени и минимален пад од четири позиции.
Од денска понеделник до сабота двете македонски тенисерки ќе настапуваат во Скопје како дел од женската репрезентација во рамки на Били Џин Кинг Купот.