Трета недела во низа на терените на ТК Југ во Градски парк се оджуваат турнири во младинска конкуренција. Турнирите се за тенисерки и тенисери до 18 години, но на нив настапуваат и помлади, кои на овој начин за време на летниот период стекнуваат потребно искуство со настапи на официјални мечеви.
Турнирите се од голема важност и за македонските тенисери кои се меѓу најбројните во двете конкуренции кај момчињата и кај девојчињата.
На првите два турнира од македонските тенисери Амар Хусеиновиќ на двата играчше во четвртфиналето во поединечна конкуренција, а на првиот беше четвртфиналист и во конкуренција на двојки. Покрај Хусеиновиќ кај момчињата настапија уште: Александар Трифуновски, Максим Тренески, Кристијан Јанев (кој претходно победи на турнирите до 16 години), Марко Алексовски, Стефан Новаковски, Горјан Вукичевиќ,…
Кај девочињата на двата турнира настапија Јана Божиновска, Теона Андова, Ана Стојановска, Ана Митевска, Анастасија Асровска, Катја Ивановска, Матеа Билбиловска. На двата турнира Ана Митевска во конкуренција на двојки настапи во четвртфиналето.
Оваа недела се одржува третиот од четирите турнири во низа кои се играат во Скопје. И овој се игра во Градски парк, додека следниот се игра на терените на ТК Пионтер до СЦ „Јане Сандански“.