На вториот ден од Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023 ќе се одиграат шест финални квалификациони мечеви, по кои победниците ќе се пласираат на „главниот турнир“. Од македонските тенисери настап ќе има единствено Обрад Марковски, кој за ривал го има Карол Држевицки од Полска. Мечот ќе се игра на главниот терен и треба да почне во 11 часот.
Покрај овие мечеви ќе се одиграат и пет од првото коло од „главниот турнир“.
Распоред на мечевите од квалификациите:
Карол Држевицки – Обрад Марковски (Централен терен)
Мате Валкуж (Унгарија) – Матијас Бурже (Франција) (Терен број 5)
Вилсон Леите (Бразил) – Педро Боскардин Диас (Бразил) (Терен број 6)
Александер Веис (Италија) – Марко Топо (Германија) (Терен број 6)
Сумит Нагал (Индија) – Богдан Бобров (Русија) (Терен број 8)
Макс Касниковски (Полска) – Дује Ајдуковиќ (Хрватска) (Терен број 8)
Распоред на мечеви од 1.коло:
Мили Пољичак (Хрватска) – Џовани Фонио (Италија) (Централен терен)
Мартин Ландалусе (Шпанија) – Евгени Донски (Русија) (Централен терен)
Едуардо Рибеиро (Бразил) – Стивен Диез (Канада) (Терен број 5)
Џерар Кампана Ли (Кореја) – Даниел Дутра да Силва (Бразил) (Терен број 5)
Каспер Зук (Полска) – Макс Хукес (Холандија) (Терен број 8)
Програма за 22.мај – понеделник