Ива Приморац или Дејана Радановиќ ќе биде нова шампионка на скопскиот фјучрс „Триглав опен“ што денеска ќе заврши, а се игра на терените на ТК Југ. Ова значи и продолжување на низата која беше прекината во 2000 година кога беше одигран и последниот турнир во Македонија во женска конкуренција.
Двете тенисерки имаа различен пат до финалето. Дејана Радановиќ (Србија) која беше рангирана како носителка (14) одигра и еден меч помалку – вкупно четири до финалето, но беше подолго на теренот од својата ривалка бидејќи два меча ги играше во три сета. За разлика од неа Ива Приморац (Хрватска) играше еден меч повеќе (несметајќи тие во двојки). Таа на патот до финалето постигна пет победи и сите мечеви ги доби во два сета. Радановиќ беше на теренот додега 8 часа и 34 минути, а Приморац 7 часа и 25 минути.
Победничката и финалистката покрај паричните награди ќе добијат и поени за ВТА листата. Победничката 70, а финалистката 42.
Почетокот на финалето е во 11 часот, а влезот е слободен.
Дејана Радановиќ – патот до финалето
1.коло: слободна
2. коло: Чихирио Мирамацу (Јапонија) 2-0 (60 60)
3.коло: Ипек Оз (Турција,2) 2-1 (67(6) 64 61)
четвртфинале: Ајла Аксу (Турција) 2-0 (63 62)
полуфинале: Јустина Микулските (Литванија) 2-1 (36 76(2) 63)
Ива Приморац – патот до финалето
1.коло: Александра Круниќ (Србија) 2-0 (64 62)
2.коло: Гарбриела Це (Бразил,10) 2-0 (64 62)
3.коло: Фани Остлунд (Шведска) 2-0 (60 61)
четвртфинале: Леоила Жанжан (Франција,1) 2-0 (63 62)
полуфинале: Лина Ѓорческа (Македонија,4) (64 76(5))
Досегашни финални мечеви на женскиот турнир во Скопје:
1996 – Линда Сентиш (Холандија) – Лајзл Хорн (Јужна Африка) 2-0 (64 60)
1997 – Аманда Галовиц (Романија) – Лаура Фодореау (Романија) 2-0 (62 61)
1998 – Синди Шурманс (Белгија) – Михаела Молдован (Романија) 2-0 (76 76)
1999 – Марина Лазаровска (Македонија) – Бјанка Кампер (Австрија) 2-0 (62 62)
2000 – Катарина Драшковиќ (Југославија) – Надин Шлотерер (Австрија) 2-0 (62 62)