Македонскиот тенисер Горазд Србљак по голема борба и маратонски меч (два прекина поради дожд) успеа да оствари победа во првото коло од ИТФ М15 турнирот во Куршумлијска Бања. Тој го совлада Карлос Гиралди од Шпанија (18 години) со 2-1 во сетови (57 75 60) за 2 часа и 55 минути игра. Во следната рунда Србљак ќе игра против Ласе Потнер од Германија (18 години, 1383.место), кој го совлада седмиот носител Максим Жуков со 2-1 во сетови.
Првите два сета беа во збакот на пресврти, па по водството на Србљак од 3:1 во гемови, противникот поведе со 4:3, но следуваа два гема за Србљак и водство од 5:4, но сепак Гиралди го доби првиот сет откако имаше серија од три гема со 7:5. Во следниот гем Србљак поведе со 2:0, но шпанскиот тенисер имаше водство од 4:3, за сепак по 5:5 – македонскиот тенисер да го освои сетот со 7:5. Серијата гемови за Србљак продолжи и по двата од финишот на вториот сет заврши со убедливите 6:0 во решавачкиот сет и осум освоени гемови во низа.
Во текот на мечот Србљак имаше 8 брејка од 16 можности, додека Гиралди имаше 5 од 11.
Инаку, Србљак на главниот турнир стигна преку квалификациите откако постигна три победи: Андреј Комненовиќ 2-0 во сетови (прво коло квалификации) Осади Ерола 2-0 во сетови (втрото коло квалификации) и Јоанис Кунтуракис 2-1 во сетови (финале квалификации).
Од македонските тенсиери на турнирот во квалификациите настапија: Обрад Марковски (елиминиран прво коло квалификации), Шендрит Деари (елиминиран финале квалификации) и Андреј Тасевски (елиминиран прво коло квалификации).