Голема победа и пласман во второто коло на фјучрсот во Куршумлијаска Бања оствари македонскиот тенисер Горазд Србљак. Тој во првото коло го совлада тенисерот од Чиле Бенџамин Игансио Торес Фернандез со 2-1 во сетови (16 75 60) за 2 часа и 24 минути.
Првиот сет беше лоша слика за македонскиот тенисер откако по 1:0 во гемови противникот направи серија од шест гема и го доби првиот сет со 6:1. Клучен за резултатот беше вториот сет Торес Фернандез водеше со 4:1 во гемови, но Србљак се врати и успеа да изедначи, а при резултат 5:5 направи брејк и потоа во 12.тиот гем по 14 одиграни поени ја реализираше 5.та сет топка за 1:1 во сетови.
Во решавачкиот сет сосема поинаква слика од првиот и сите шест гема ги освои македонскиот тенисер за триумф од 2-1 во сетови.
Утре во второто коло Србљак ќе игра против седмиот носител Федерико Бондиоли од Италија.