Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Скопје, откако попладнево во полуфиналето го совлада Турчинот Ерги Киркин со 2-1 во сетови (36 62 62) за 2 часа и 9 минути игра. Во финалето негов ривал ќе биде Французинот Саша Вајенбург, кој со 2-0 во сетови го совлада Вито Тонејц од Хрватска.
Првиот сет му припадна на Киркин кој направи брејк во петтиот гем за водство од 3:2, а потоа го направи и вториот брејк за 6:3. Притоа Киркин искористи две од четирите брејк топки, а Ивановски во првиот сет немаше ниту една брејк шанса. Во вториот сет сликата беше сосема поинаква. Ивановски направи два брејка од четири можности, а Киркин немаше брејк иако имаше две прилики. Во 3.тиот гем Ивановски ја искористи третата брејк топка, а потоа по голема борба во следниот гем на негов сервис и по 10 поени успеа да поведе со 3:1.Во 8.гем на свој сервис Ивановски направи и две двојни грешки на сет топка но сепак успеа да ја искористи четвртата и изедначи на 1:1.
Во решавачкиот сет Ивановски направи брејк во третиот гем за водство од 2:1, а потоа и во седмиот гем имаше брејк за предост од 5:2 и сетот го финишираше со 6:2.
Во вкупниот број поени скорот е 86:75 за Ивановски, додека нашиот тенисер имаше 4/11 брејк топки, а Киркин 2/6.
Финалето ќе се игра утре од 13 часот.
Фото: Игор Паневски