Прва титула на професионален турнир за Калин Ивановски

August 21, 2022

Одличен резултат за Калин Ивановски на ITF World Tennis Tour M15 во Монастир, Тунис. Калин во финалето по 2 часа и 18 минути борба го победи тенисерот од Босна и Херцеговина Aziz Kijametovic со 4:6, 6:4, 6:1 со оваа победа Калин ќе освои нови 15 ATP поени и се очекува да се качи на околу 760 место на ATP листата. За пласман во ова финале Калин вчера во меч од 3 часа и 44 минути го победи вториот носител тенисерот од Франција Cyril Vandermeersch со резултат 6:7(2), 7:5, 7:6(2).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани