По голема борба познати финалистите на Macedonian Open

May 24, 2024

По голема борба во двата полуфинални меча познати се финалистите на годинашново издание на Macedonian Open. Полјакот Камил Мајхржак и Жоел Шверцлер од Австрија (фото) ќе се борат за трофејот на АТП Челинџерот во Скопје. Двата меча трае заедно 5 часа 20 минути и беа решени по три сета игра.

Полјакот Мајхржак го победи Американецот Рајан Сигерман со 2-1 во сетови (762) 67 (6) 62) за 2 часа и 15 минути игра, притоа испушти две меч топки во вториот сет кога имаше водство од 5:4 во гемови. Но, тоа што не го реализираше во вториот сет му успеа во решавачкиот откако по 1:0 за ривалот направи серија од пет гема што се покажа како решавачка.

Неговиот ривал во финалето Шварцлер со пресврт стигна до триумф. Жерар Кампана Ли го доби првиот сет откако ги искористи грешките на австрискиот тенисер и го доби првиот сет со 7:6 во гемови и 7:4 на поени. Во првиот сет Шварцлер постојано „го бркаше“ резултатот. Во вториот сет при 4:3 во гемови Шварцлер го направи вториот брејк за водство од 5:3 и со тоа навести решавачки сет. Во третиот сет Шварцлер направи брејк за водство од 1:0, а потоа со вториот брејк поведе со 5:2 и го реши сетот со 6:2 и се избори за финалето.

Во двата меча беа одиграни вкупно 410 поени. (210 + 200).

Во конкуренција на двојки познат е едниот финален пар. Чесите Ендрју Полсон и Патрик Рикл ги победија победија вториот носител Давид Луиз Мартинез и Кристијан Родригез (Колумбија/Венецуела) со 2-0 во сетови (64 63). Во второто полуфинале играат:  Американците Рајан Сигерман и Патрик Трак со 2-0 во сетови (75 76(6) ги победија Марко Боролоти и Давид Пел (Италија/Холандија).

Во сабота се играат финалните мечеви. Почетокот е во 11 часот со финалето во двојки, а по завршувањето ќе следува финалниот меч во сингл.

Влезот на Централниот терен на ТК Југ каде се играат мечевите е слободен.

ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани