Македонската тениска репрезентација за играчи до 12 години денеска во Раковник, Чешка го загуби мечот за 5.место од Велика Британијасо 2:1 и на крајот заврши како шестопласирана.
Во денешните сингл мечеви победата за Македонија ја донесе Марко Алексовски, кој со 2-0 во сетови (64 64) беше подобар од Хаким Камил. Британците изедначија откако Самуел Рајли го совлада Иван Трпковски со 2-0 во сетови (76(4) 61). Во решавачкиот меч македонскиот дубл Алексеј Стојановски и Трпковски загубија од Рајли и Камил со 2-0 во сетови (61 62).
На другите мечеви од денешната програма: Чешка – Украина 3:0, Словачка – Словенија 2:1 и Босна и Херцеговина – Естонија 2:1.