Македонската репрезентација до 12 години го загуби првиот дуел на European Summer Cup што се одржува во Раковник, Чешка. Поуспешни од младите македонски тенисери беа врсниците од Словачка кои победија со 3:0. Во вториот меч од групата А Украина ја победи Босна и Херцеговина со 3:0.
Во сингл мечевите за Македонија настапија: Марко Алексовски и Алексеј Стојановски. Алексовски загуби од Макс Лоринчик со 2-0 во сетови (63 60), додека Стојановски беше совладан од Андреј Адамович со 2-0 (62 60). Во мечот во двојки за Македонија настапија Алексовски и Иван Трпковски, кои загубија од Адамович и Матео Сансон со 2-0 во сетови (76(5) 62).
Утре во мечот од второто коло Македонија ќе игра против селекцијата на Украина.