Женската македонска репрезентација (тенисерки до 16 години) претрпе пораз во четвртфиналето на European Summer Cup што се игра во романскиот град Бистрица. Во четвртфиналето македонските тенисерки загубија од домаќинот Романија со 3:0.
Во сингл мечевите Диана Јоана Симонески беше поуспешна од Јана Божиновска со 2-0 во сетови (63 61), а Андреа Диана Соаре ја победи Ана Митевска со 2-0 во сетови (62 64). Во игра на двојки: Александра Ирина Ангел и Соаре ги совладаа Божиновска и Катја Ивановска со 2-0 во сетови (60 62).
Во другите мечеви: Србија – Грузија 3:0, Украина – Италија 2:1 и Унгарија – Холандија 3:0.
Утре во разигрувањето Македонија ќе игра против селекцијата на Грузија.