12-годишниот македонски тенисер Андреј Темов претрпе пораз во вториот меч од групата Е на турнирот за тенисери до 12 години што се игра на Академијата Рафаел Надал во Мајорка. Поуспешен од него беше хрватскиот тенисер Лука Митровиќ, кој оствари победа од 2-0 во сетови (61 64).
Во денешниот последен меч од групата Темов ќе игра против Лука Сагедер од Австрија, кој веќе има две победи во групата.
Нашиот тенисер синоќа имаше настап и во конкуренција на двојки и по голема борба заедно со Адиан Куртцехаиќ од БиХ загубија од Адриан Шеин (Естонија) и Адам Зикмунд (Чешка) со 2-1 во сетови. Првиот го загубија со 6:4 во гемови, а вториот го добија со 6:3, додека во решавачкиот беше 11-9 на поени за противниците. Настапите на овој турнир се големо искуство за Темов.
На турнирот што се игра во Мајорка во организација на Академијата Рафаел Надал и Tennis Europe, настапуваат по 32 тенисери и тенисерки на возраст до 12 години од 23 држави.