Македонските тенисерки претрпеа порази на стартот на двата фјучрс турнири на кои настапија. Во турскиот град Кајсери, Ѓорческа го загуби мечот од Русинката Екатерина Маклакова со 2-1 во сетови (36 76(4) 63), додека Магдалена Стоилковска на Бол во Хрватска загуби од Чинда Шефцликова од Чешка со 2-0 во сетови (61 75).
Ѓорческа на турнирот W50 Кајзери (награден фонд 40.000 долари) имаше добар почеток и поведе со 1-0 во сетови откако првиот сет и припадна со 6:3 во гемови, а имаше предност во сетот од 3:1 и 5:3 што се покажа решавачко. Во вториот сет Маклакова поведе со 2:0 во гемови, но македонската тенисерка успеа да направи пресврт и да стигне до водство од 3:2 и постојано имаше предност од еден гем, па така сетот се решаваше во тај брејк. „13-тиот гем“ и припадна на руската тенисерка со 7:4 на поени со што изедначи на 1:1. Во решавачкиот сет ривалката на Ѓорческа дојде до предност од 4:1 во гемови, а потоа и до 6:3 и по два часа го доби мечот.
Стоилковска откако го загуби првиот сет со 6:1 во гемови, во вториот прикажа подобра игра и резултатски сетот беше неизвесен. Противничката повторно имаше водство од 5:1 во гемови, а македонската тенисерка успеа да направи серија од четири гема за 5:5 и притоа спаси две меч топки, а во 11-тиот гем имаше можност и за водство од 6:5, но ривалката успеа да направи брејк.
Стоилковска денеска одигра уште еден меч во конкуренција на двојки во првото коло заедно со хрватската тенисерка Ноа Крзнариќ загубија со 2-0 во сетови (63 63) од Нока Јурич (Словенија) и Фани Норин (Шведска).