Македонските тенисерки Ана Митевска и Зара Зафировска ги загубија денешните мечеви на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години што се игра во Парма, Италија. Митевска во мечот од третото коло на „главниот турнир“ е поразена од Французинката Дафне Перикард (7.носителка) со 2-0 во сетови (61 60).
Зара Зафировска загуби во меч од третото коло на турнирот за „разигрување“. Поупешна од неа беше 10.носителка Алина Корниева од Украина со 2-1 во сетови. Зафировска поведе со 1-0 откако го доби првиот сет со 4:1 во гемови, а потоа противничката изедначи откако го доби вториот сет со истиот резултат 4:1. Во решавачкиот сет беше 5:3 во гемови за Украинката.