Претпоследниот ден на Мacedonian Open ќе донесе четири меча по два во сингл и во конкуренција на двојки. На завршните мечеви единствено Американецот Рајан Сигерман ќе игра два меча по едно полуфинале во сингл и во конкуренција на двојки. Тој во првото полуфинале ќе ја отвори програмата на Централниот терен во мечот со полскиот тенисер Камил Мајхчак. Сигерман покажа дека е одличен играч во двојки (го има најдобриот ранг во моментов 117 место, но затоа пак неговиот ривал во полуфиналето има одлични резултати сезонава. Полскиот тенисер има победи на турнир во Кигали (АТП), потоа две турнирски победи на турнири ИТФ фјучрси (Хамамет, Монастир), како и едно финале (Шарм Ел Шеик).
Во второто полуфинале ќе играат Жерар Кампана Ли против Жоел Шварцлер. Двајцата тенисери имаат серија од многу добри резултати, што треба да биде само добра увертира за интересно финале в сабота. Овој меч ќе се игра веднаш по првиот на Централниот терен.
Во конкуренција на двојки по одморот Сигерман заедно со сонародникот Трак ќе игра полуфинале против Бортолоти и Пел (Италија/ Холандија) , додека во второто полуфинале на теренот број 5 со почеток во 12 часот ќе се појават Чесите Поулсен-Рикл против Мартинез – Родригез (Венцуела/Колумбија).
Поулсен минаната година беше победник на турнирот во конкуренција на двојки со сонародникот Петр Ноуза.