Полуфинални мечеви на Macedonian Open 2023 во двете конкуренции

May 25, 2023

Денешната програма на Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023 нуди само четири мечеви, два во сингл и два во конкуренција на двојки.

На Централниот терен први ќе се појават квалификантот Мате Валкуж (24г, 283 место АТП листа) од Унгарија и Драгош Мадарас (25,241) од Шведска. Шведскиот тенисер важи за фаворит од причина што е рангиран како носител број 4, но Унгарецот кој ги мина и двете квалификациски кола како да сака да потврди дека „скопската земја“ одлично му „лежи“.

На теренот број 5 во исто време ќе почне (10:30 часот) и второто полуфинале и пресметката на носителите. Вториот носител Евгениј Донској (33,235)  од Русија за ривал го има носителот број 5 Франциско Комесана (22,273) од Аргентина.

Полуфиналистите на турнирот ќе освојат по 30 АТП поени и 3.450 евра.

Во конкуренција на двојки двата меча се играат веднаш по завршување на сингл мечевите. На Централниот терен ќе играат Балаџи и Недунчезиан од Индија, кои се први носители против Филип Бергеви од Шведска и Џејмс Тејлор од Австралија.

Во второто полуфинале на теренот број 5 ќе играат Орландо Луж и Фернандо Ромболи од Бразил против тенисерите од Чешка Петр Нуза и Ендрју Полсон, кои во четвртфиналето ги совладаа македонските тенисери Берг Бугариќ и Калин Ивановски.

Полуфиналистите ќе освојат по 30 поени и по 1.480 евра.

Влезот на мечевите е слободен.

MAIN DRAW SINGLES

MAIN DRAW DOUBLES

ПРОГРАМА 26.МАЈ ПЕТОК

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани