Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето во конкуренција на двојки на ИТФ фјучрс турнирот W75 Копер. Таа заедно со Романката Кристина Андреа Миту со 2-0 во сетови (64 61) за 1 час и 11 минути ги совладаа Ивана Себестова од Чешка и Анастасија Константиновна Соболева.
Утре (петок) во полуфиналето за противнички ги имаат првите носителки Вероника Ерјавец од Словенија и Доминика Салкова од Чешка. Според распоредот на мечеви полуфиналето треба да почне по 14 часот.
Инаку, Ѓорческа денеска беше елиминирана во поединечна конкуренција во второто коло од Дебора Киеса од Италија со 2-0 во сетови.