Македонскиот тенисер Обрад Марковски заедно со полскиот тенисер Симон Килан изборија полуфинале во конкуренција на двојки на ИТФ фјучрсот во Куршумлијска Бања. Тие денеска во мечот од второто коло ги победија вторите носители Диего Аугусто Барето Санчез од Шпанија и Дени Бленч од САД со 2-0 во сетови (62 64) за 59 минути игра. Инаку во првата рунда ги совладаа Борислав Кирилов од Бугарија и Пјер Антоан Телу од ФРанција со 2-0 во сетови (62 64).
Утре за влезе во финалето ќе играат против третите носители Јапонците Келсуке Салтох и Далсуке Сумизава. Во второто полуфинале играат првите против четвртите носители, што покажува дека единствено Марковски и Килан како неносители изборија полуфинале.
Денес турнирот во второто коло во поединечна конкуренција го заврши нашиот тенисер Горазд Србљак. Тој загуби од Габриел Донев со 2-0 во сетови (62 63), а во првото коло го совлада осмиот носител Фермин Тенти од Аргентина со 2-0 во сетови (75 62).
На женскиот дел од турнирот настапи Магдалена Стоилковска, која беше поразена од Дарија Куцер од Полска со 2-0 во сетови.