Македонскиот тенисер Амар Хусеиновиќ стигна до полуфиналето на Ј60 турнирот на Вели Лошињ во Хрватска. Тој заедно со Александер Гшиел од Австрија го загубија полуфиналето од словенечко-руската комбинација Клас Гореншек и Савва Рибкин со 2-1 во сетови (16 62 12-14 на поени).
Амар Хусеиновиќ имаше солиден настап и во поединечна конкуренција каде стигна до четвртфиналето. Во првата рунда го победи домашниот тенисер Рене Бертош со 2-0 во сетови, а во следната рунда беше поуспешен од Франческо Дресено од Италија. Во двата меча загуби само пет гема.
Во третото коло загуби од Каденс Беншерит од Канада со 2-0 во сетови, во меч со „крати сетови“ бидејќи поради лошите временски услови две рунди (трето коло и четвртфинале сетовите се играа во четири добиени гема).