Во разврската за конечен триумф на фјучрсот во Скопје што се игра за награден фонд од 25.000 долари од осумте носители половина ги минаа првите две кола, а другата половина (четири) се елиминирани. Во горниот дел на „костурот’ во четвртфиналето ќе играат тројца, а во долниот дел е останат само еден.
Во четвртфиналето ќе има само една пресметка меѓу носителите и ќе играат првиот Миљан Зекиќ (Србија) и Ерги Киркин (Турција).
Меѓу носителите кои се борат за пласман во полуфиналето е и македонскиот тенисер Калин Ивановски (4). Тој за ривал го има искусниот Мирза Башиќ. И тој е горниот дел од „костурот“.
Во долниот дел единствениот носител, кој е уште во игра е Французинот Саша Вајенбург (3).
Од носителите елиминирани се: Антоан Оанг (2, Франција), Вилсон Леите (6,Бразил), Матс Росенкранц (7,Германија) и Јанаки Милев (8,Бугарија).