На денешната ждрепка женската репрезентација на Македонија ги доби противниците за претстојното натпреварување во Били Џин Кинг Купот што од понеделник (утре) до сабота ќе се игра во Скопје на терените на ТК Југ.
Македонија е во Б групата, а ривали ќе бидат репрезентациите на: Финска (носител), Молдавија, Исланд, Албанија и Азербејџан.
Во групата А се селекциите на: Луксембург (носител), Кипар, Црна Гора, Ерменија и Сан Марино.
Македонија ќе биде предводена од нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, а покрај неа во составот се уште: Магдалена Стоилковска, Александра Симева, Ана Митевска и Ива Данева, а селектор е Димитар Лабудовиќ.
Мечевите ќе почнуваат секој ден во 10 часот, првин се играат двата сингл меча, а потоа и мечот во двојки.