Половина од мечевите од второто коло на фјучрсот во Скопје се веќе завршени и познати се првите четвртфиналисти. На централниот терен Мирза Башиќ од Бона и Херцеговина со пресврт стигна до победата од 2-1 во сетови (26 62 62) над Петр Нестеров од Бугарија. Нестеров го доби првиот сет со 6:2, а Башиќ се врати во ритам добивајќи го вториот сет со истиот резултат. Во решавачкиот сет Башиќ поведе со 2:0, а предноста ја зачува до крајот кога успеа да направи уште еден брејк за конечни 6:2 во третиот сет за два часа и две минути игра.
Башиќ во четвртфиналето ќе игра со победникот од мечот Калин Ивановски – Ален Бил.
Позната е и првата четвртфинална двојка Неил Оберлеитнер од Австрија ќе игра против третиот носител Саша Вајенбург од Франција. Оберлеитнер го совалда Тимур Биелдиугин од Украина со 2-0 во сетови (64 63), додека Вајенбург беше подобар од Русинот Давуд Амиров со 2-0 во сетови (63 62).
Вито Тонејц од Хрватска се избори за четвртфинале откако го победи квалификантот Лука Петровиќ од Велика Британија со 2-0 во сетови (75 64).
Почнати се уште три мечеви од второто коло: Горазд Србљак (Македонија) – Ерги Киркин (5,Турција), Миљан Зекиќ (Србија) – Нини Габриел Дика (Романија), Лазар Војновиќ (Србија) – Тоби Мартин (Велика Британија). Последен ќе се одигра мечот на Калин Ивановски (Македонија) против Ален Бил (Хрватска).
Мечот Србљак – Киркин се игра на теренот број 5, додека мечот Ивановски – Бил е на Централниот терен.
Фото: Игор Паневски