Македонските тенисерки на Европското првенство до 14 години во Мост, Чешка постигнаа победа и го минаа првото коло. Македонскиот дубл Сара Митевска и Миа Спировска ги победија тенисерките од Норвешка Маргете Берг и Габриеле Еие со 2-0 во сетови (62 64). Утре во следната рунда ќе играат против првите носителки Софие Хетлерова и Вероника Секеркова од Чешка.
Машкиот дубл на шампионатот до 14 години Горјан Вукичевиќ и Матеј Попов загубија со 2-0 во сетови (61 61) од холандските играчи Стан Пут и Воутер Ричард Ван Хилегерсберг.
Од другите наши тенисери на Европските првенства настап имаа Марко Стоилковски и Ива Данева на шампионатот во швајцарскиот град Клостерс.
Стоилковски загуби со 2-0 во сетови во меч од второто коло од шестиот носител Кевин Еденгрен од Шведска со 63 и 63. Ива Данева пак исто така во меч од второто коло загуби од осмата носителка Зузана Павликовска од Полска со 2-0 во сетови (61 63).
Утре во конкуренција на двојки ќе настапат Стоилковски и Лука Симиќ против тенисерите од Бугарија Георги Георгиев и Анас Маџаришки.