Македонските млади тенисери ја постигнаа првата победа на European Summer Cup во чешкиот град Раковник. Тие денеска ја совладаа селекцијата на Босна и Херцеговина и со тоа го освоија трето место во групата А. Утре во последниот меч од ова натпреварување ќе играат против Велика Британија во борба за петтото место.
Марко Алексовски го доби едниот сингл меч со 2-0 во сетови (62 62) против Андрија Мартиновиќ, додека вториот сингл меч Андреј Стојановски го загиби со 1-2 (61 46 16) од Кан Аниќ. Решавачки беше мечот во двојки кои нашите тенисери Марко Алексовски и Иван Трпковски го добија со 2-0 во сетови (61 75) против Адиан Куртцехајиќ и Андрија Мартиновиќ.
На другите мечеви одиграни денеска: Словачка – Украина 3:0 (А група), Словенија – Велика Британија 2:1 и Чешка – Естонија 3:0.
Табела А група: Словачка 3 бодови (9-0), Украина 2 (5-4), Македонија 1 (3-6), Босна И херцеговина 0 (1-8).
Табела Б група: Чешка 3 (9-0), Словенија 2 (5-4), Велика Британија 1 (4-5), Естонија 0 (0-9).