Победа за Ивановски и Бугариќ во двојки на Macedonian Open 2023

May 25, 2023

Македонската комбинација Калин Ивановски и Берг Бугариќ со победа го почнаа настапот во игра на двојки на Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023. Тие во мечот од првото коло кој беше одложен вчера поради дождот ги победија тенисерите од Индија Пурав Раџа и Дивџи Шаран со 2-1 во сетови (4:6, 6:1 о 10:7 на поени).

Првиот сет им припадна на противниците кои по 3:3 во гемови направија брејк за 4:3, но Ивановски и Бугариќ го вратија за 4:4. Сепак тенисерите од Индија со уште еден брејк го вратија водството од 5:4, а потоа го добија сетот со 6:4.

Во вториот сет комплетна доминација на македонската двојка. По 1:1 во гемови со два брејка го добија сетот со 6:1.

Во решаваќкиот сет Ивановски и Бугариќ постојано беа во водство, откако направија два мини брејка за 4:1 во поени, потоа водеа и со 7:4 и со 9:6, за на крајот да ја искориста третата меч топка.

Во следното коло (четвртфинале) ќе играат против Петр Нуза и Ендрју Полсон од Чешка, кои ги победија вторите носители Виктор Корнеа (Романија) и Луис Мартинез (Венецуела) со 2-1 во сетови.

Овој меч од четвртфиналето на програмата е денеска попладне на Централниот терен, но не пред 17 часот.

Фото: Игор Паневски

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани