Пласман на македонските јуниори на ранг-листите

February 1, 2024

Во текот на годината Македонија е домаќин и организатор на турнири од рангот на ИТФ за млади тенисери, а како дел од тие турнири се и македонските јуниорски тенисери и тенисерки. Според бројот на настапите и пласманот македонските тенисери имаат и свпј ранг во својата возратсна категорија.

Кај тенисерите до 18 години најдобро рангиран играч од Македонија е Амар Хусеиновиќ, кој се наоѓа на 530.то место со 112.75 поени. Следен од нашит тенисери е Александар Трифуновски, а потоа следуваат Филип Стојановски и Горјан Вукичевиќ.

Кај девојчињата до 18 години најдобро рангирана е Јана Божиновска на 1406.то место со 36 поени, а потоа следуваат: Катја Ивановска, Сара Митевска, Ана Митевска, Теона Андова, Ивана Милкова и Зара Зафировска.

Кај момчињата до 16 години најдобро рангиран е Кристијан Јанев на 289.то место со 260 поени, Горјан Вукичевиќ е следен на листата од македонските тенисери, а следуваат Матеј Попов и Ерион Незири. Вкупно 15.македонски млади тенисри имаат ранг во оваа возрасна категорија.

Кај девојчињата до 16 години, најуспешна е Сара Митевска која со 380 поени, е рангирана на 230.то место. Мира Спировска и Анастасија Арсовска имаат ранг со 140 и 125 поени, или вкупно седум тенисерки од Македонија имаат ранг-листата на tennis europe.

Кај најмладата возрасна категорија (до 14 години) Марко Алексовски е рангиран на 226.то место, а Александар Грујиќ на 316.то место. Вкупно пет македонски тенсиери се наоѓаат на ранг-листата. Кај девојчињата четири тенисерки имаат ранг, а Сара Митевска со 380 поени се наоѓа на 44.то место, што е воедо и најдобар ранг на македонските млади тенисери на ранг листите за оваа недела. Арсовска е рангирана на 205.то место.

 

 

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани