Пад на Ивановски за 12 места на АТП ранг-листата

February 5, 2024

Најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски на денес објавената АТП ранг-листа има пад за 12 позиции и се наоѓа на 341.то место со 149 поени. Падот се должи на фактот што Ивановски има и 8 поени помалку од претходната недела.

Горазд Србљак без промена на поените -10 има скок за две места и се наоѓа на 1065.то место, додека Обрад Марковски има пад за 160 позиции и е рангиран на 1605.то место со два поена, или еден помалку од претходно.

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 679.то место со 71 поен и скок за шест места. Берк Бугариќ има пад за едно место – 1352.ро место со 16 поени, додека Обрад Марковски е рангиран на 1866.то место со пет поени (скок за две места). Елдин Хусеиновиќ е на 2137.то место (пад за две позиции) со три поени.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани