Очекувани резултати на дуелите од 2.коло од Македонската лига

July 9, 2023

На денешните дуели од второто коло од Македонската лига повторно убедливи и сигурни победи на фаворитите.
Поинтер во дуелот од групата 2 ја совлада екипата на Тумба со 7:0, додека Неготино со истиот резултат славеше над тимот на Црна река. Во групата 1 МТП славеше победа над Битола со 4:1.
Утре ќе се играат мечевите од 3.коло, а во директни дуели ќе се решава за првото место во групата и со тоа пласман во финалето. Во групата 1 ќе играат првакот Југ против МТП, додека во групара 2 е дуелот на ланскиот финалист Поинтер против Неготино и мечот за третата позиција Тумба против Црна река.

Резултати по мечеви:

МТП – Битола 4:1
Борјан Стефановски – Владимир Аницинов 60 60
Андреј Милевски – Љубен Донески 60 62
Дамјан Домазетовски – Коча Бошку 60 63
Матеј Попов – Бобан Блажевски 76(5) 75
Грегор Стојчев – Виктор Поповски 63 46 06
Мечевите во дубл не се одиграа

Поинтер – Тумба 7:0
Обрад Марковски – Виктор Петрушевски 60 60
Марко Стоилковски – Славко Саздовски 61 61
Михаил Кусески – Кристијан Тодоровски 60 60
Горазд Србљак – Виктор Димитриевски 60 60
Максимлијан Алексовски – Далибор Димковски 30 предадено
Предадени без игра двата дубла

Неготино – Црна река 7:0
Симон Иванов – Благој Темелков 60 61
Лука Павловиќ – Даниел Огненовски 60 60
Стефан Мицов – Дарко Костески 60 60
Иван Манасов – Златко Блажевски 60 61
Васко Здравкин – Гане Јосев предадено без игра
Предадени двата дубла без игра

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани