Калин Ивановски кој има најдобар ранг од македонските тенисери ќе ја предводи групата од вкупно осум македонски тенисери кои ќе бидат дел главниот турнир на фјучрсот во Скопје. На оваа бројка секако може да им се приклучи уште некој од нашите тенисери доколку ги мине кавлификациите.
Покрај Ивановски настап на главниот турнирќе имаат: Обрад Марковски, Берк Бугариќ, Горазд Србљак, Амар Хусеиновиќ, Марко Стоилковски, Бесир Дургути и Шендрит Деари.
Главниот турнир и мечевите во игра на двојки стратуваат во вторник.