Одиграно второто коло од екипното ДП- утре пресметки за првите места во групите

July 16, 2024

Во рамки на екипното Државно првенство денеска се одиграа мечевите од вторто коло, по кои фаворитите остварија победи, па така утрешните мечеви од третото коло ќе ги дадат првопласираните екипи во групите, кои в четврток во финалето ќе играат за шампионската титула.

Резултати – група 1 (2.коло):

НЕГОТИНО – ТУМБА 5:0

Стефан Мцов – Славко Саздовски 2-0 (60 60)

Иван Манасов – Јован Трајчевски 2-0 (60 62)

Андреј Тасевски – Мартинијан Трајковски 2-0 (61 60)

Елведин Пепиќ – Никола Томовски 2-0 (61 60)

Васко Здравкин – Марко Димковски 2-0 (60 60)

Резултати – група2 (2.коло):

ПОИНТЕР – БИТОЛА  4:1

Михаил Кусески – Марио Тодоровски       предадено

Марко Стоилковски – Јулијан Мрга Трифуновски     2-0 (62 60)

Обрад Марковски – Иван Ѓуричиќ                 предадено

Горазд Србљак – Виктор Поповски        2-0 (60 60)

Петар Џугоманов – Боби Божиновски    0-2 (36 16)

МТП – МОНДАНО  5:0

Елдин Хусеиновиќ – Бојан Трајков      2-0 (64 61)

Дамјан Домазетовски – Бодан Трпески   2-0 (63 63)

Салидин Рама – Филип Митевски       2-0 (75 60)

Албан Шабани – Петар Дуљанов       2-0 (60 64)

Матеј Арсов – Стефан Мијушковиќ    2-0 (61 63)

Утре во рамките на третото коло се играат дуелите: Југ – Неготино (група 1), Поинтер – МТП и Битола – Мондано (група 2). Во групата 1 Југ и Неготино имаат по една победа и победникот ќе го освои првото место, додека во групата 2 по две победи без пораз имаат: Поинтер и МТП и победникот од овој дуел ќе биде финалистот.

Почетокот на мечевите што се играат на терените на ТК Југ во Градски Парк, почнуваат во 9 часот.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани