На терените на ТК Југ во Градски парк, денеска стартуваа мечевите на годинашново издание на ATP Challenger 75 турнирот Macedonian Open 2024. Во првото квалификациско коло настапија и четири македонски тенисери, кои се елиминирани. Најискусниот играч на турнирот македонскиот тенисер Димитар Грабул одигра меч против младиот хравтски тенисер Лука Микрут од кого загуби со 2-0 во сетови (63 64). Мечот траеше 88 минути, притоа дури 8 гема беше решени на разлика, а во вкупниот број поени биланост беше 77:65 за Микрут, а само еден гем заврши на „0“ и го освои Грабул.
Неизвесен прв сет одигра и Берк Бугариќ, против Жером Ким од Швајцарија, откако ривалот поведе со 5:2 во гемови Бугариќ успеа да изедначи на 5:5, а потоа двата гема ги освои Ким, кој беше сигурен во вториот сет и го освои без загубен гем. Буграиќ загуби со 2-0 во сетови (75 60).
Шендрите Деари го загуби ечот од Лука Павловиќ од Франција со 2-0 во сетови (63 64), притоа неговиот ривал ги искористи можностите и го доби мечот. Четвртиот македонски тенисер кој настапи во квалификациите беше младиот Амар Хусеиновиќ, кој загуби од Константин Битон Козмин од Франција со 2-0 во сетови (60 61).
РЕЗУЛТАТИ НА МЕЧЕВИТЕ ПО ТЕРЕНИ – ДЕН 1:
ЦЕНТРАЛЕН ТЕРЕН
1 Никола Милојевиќ (Србија) – Џералд Мелцер (Австрија) 0-2 (16 46)
2 Марсело Зорман (Бразил) – Николос Басилашвили (Грузија) 0-2 (16 16)
3 Жером Ким (Швајцарија) – Берк Бугариќ (Македонија) 2-0 (75 60)
4 Калум Путерџил (Австралија) – Рајан Сигерман (САД) 0-2 (57 06)
ТЕРЕН БРОЈ 5:
Константин Битон Козмин (Франција) – Амар Хусеиновиќ (Македонија) 2-0 (60 61)
Шендрит Деари (Македонија) – Лука Павловиќ (Франција) 0-2 (36 46)
Димитар Грабул (Македонија) – Лука Микрут (Хрватска) 0-2 (36 46)
ТЕРЕН БРОЈ 6:
Хуан Карлос Прадо Анхело (Боливија) – Сергеј Фомин (Узбекистан) 1-2 (26 62 26)
Рајан Нибоер (Холандија) – Џорџ Голдхоф (САД) 2-0 (63 62)
ТЕРЕН БРОЈ 8:
Александер Донски (Бугарија) – Неил Оберлејтнер (Австрија) 0-2 (46 36)
Дан Адед (Франција) – Џон Никлес (Швајцарија) / Адед предаде
Фото: Игор Паневски