Оваа недела Ивановски е на 325.место на АТП листата

December 11, 2023

На најновата промена на АТП листата најдобро рангираниот македонски тенисер Калин Ивановски има пад за 16 позиции и се наоѓа на 325.то место со 159 поени или 14 помалку од претходната недела. Горазд Србљак е рангиран на 1054.то место со 10 поени и пад за седум позиции. Седум места послаб пласман од претходната недела има Обрад Марковски кој се наоѓа на 1465.то место со 3 поени.

Во конкуренција на двојки Калин е рангиран на 674.то место со 71 поен или пад за пет места. Берк Бугариќ има пад за осму позиции и се наоѓа на 1356.то место со 16 поени. Обрад Марковски е рангиран на 1617.то место со 9 поени (пад за 9 места), а Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2114.то место со 3 поени, пад за 12 места.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани