Објавени имињата на тенисерките кои ќе играат во финалето Македонија – Ерменија

June 24, 2023

Во првиот сингл меч за Македонија ќе настапи Магдалена Стоилковска, додека за селекцијата на Ерменија е пријавена Ирена Мурадјан.
Вториот сингл меч е за нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа против Марина Давтјан.
Истите тенисерки се пријавени и за играта во двојки: Ѓорческа-Стоилковска против Давтјан-Мурадјан.

Почетокот на дуелот е во 10 часот, а влезот е слободен.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани