НОВ ТЕНИСКИ СОФТВЕР ЗА ИГРАЧИ И КЛУБОВИ – I ФАЗА

March 4, 2025

Почитувани тенисери, родители, тениски клубови,

Со големо задоволство ја најавуваме новата тениска платформа која нуди:

  1. Регистрација на тенисери
  2. Пријава на турнири
  3. Автоматско изготвување на жреб
  4. Изработка на ранг-листи веднаш по секој турнир
  5. Експорт кон WTN (World Tennis Number)

Првата Фаза се однесува на регистрирање на тенисери односно креирање база на податоци и регистрацијата може да почне веднаш. Го објавуваме на следните линкови: упатството за креирање на профил на тенисери и упатството за клубови со чија помош ќе може да ги регистрирате вашите профили.

Регистрација и најава се прави на: https://igraj.tfsm.mk/login или на главното мени од веб страната www.mtftennis.mk

Втората Фаза – Пријава на турнири пробно ќе започне со Отвореното првенство за Јуниори/ки до 18 години кое ќе се одржи од 15-18 Март во ТК Мондано.

Замолуваме за Ваше разбирање во овој период на прилагодување на дигиталното решение, доколку се појават несакани и непредвидени технички проблеми.

 

Со Почит,

Тениска Федерација на С.Македонија

Ул.Кирил и Методиј бр.52В 1/5

1000 Скопје, С.Македонија

Тел: +389 2 3229 687, мобилен: +389 72 246 296

e-mail contact@tfsm.mk

web: www.mtftennis.mk

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани