Нов ранг на македонските тенисери на АТП листата

December 18, 2023

На денешната АТП листа македонските тенисери се без позначајни промени во рангот. Калин Ивановски се наоѓа на 325.то место со 159 поени исто како и претходната недела. Истиот ранг со ист број поени има и Горазд Србљак – 1054.то место со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1.463.то место со три поени и скок од две места.

Во конкуренција на двојки Ивановски се наоѓа на 673.то место со 71 поени (скок за една позиција), а Берк Бугариќ е рагиран на 1.346.то место со 16 поени (скок за десет места). Пад од 127 места има Марковски, кој е рангиран на 1744.то место со 7 поени (два помалку од претходната недела), а Елдин Хусеиновиќ е на 2.118.то место со 3 поени (пад за четири позиции).

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани