Тројцата македонски тенисери кои имаат ранг на АТП листата оваа недела имаа пад на позициите кои ги имаа во однос на претходната. Калин Ивановски, кој поради повреда на мускулот нема настап во новата календарска година има пад на ранг листата и сега се наоѓа на 360-то место со 137 поени. Тој оваа недела загуби осум поени. Горазд Србљак се наоѓа 1071.то место со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1610.то место со два поена.
Што се однесува до пласманот во двојки Ивановски има скок за седум места подбар ранг и се наоѓа на 672.то место со 71 поен, додека Берк Бугариќ со 16 поени е на 1366.то место. Покрај нив двајца Обрад Марковски е рангиран на 1875.то место со 5 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2161.то место со три поени. Со исклучок на Ивановски, другите тројца македоски тенисери имаа мал пад на ранг листата.