Нов настап на Ѓорческа на Ролан Гарос

May 11, 2024

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја очекува нов настап на еден од четирите Грен глем турнири. Таа од 20.мај ќе биде дел од квалификациите на Ролан Гарос. Ова за најуспешната македонска тенисерка ќе биде второ учество на Грен слем турнирот во Париз. Првпат настапи во 2017 година.

Ѓорческа која се наоѓа во одлична форма покажа и со добрите игри изминативе недели и настапите на Челинџер турнирот во Леида (Шпанија) и на ИТФ турнирите во Копер (Словеија) и Трнава (Словачка). Победите и добрите игри воедно се дел од еден успешен циклус, во која македонската тенисерка имаше и одлични настапи како дел од репрезентацијата на натпреварувањето во Били Џин Кинг Купот во Литванија.

За Ѓорческа ова ќе биде осмо учество во квалификациите на Грен Слем турнир, а оваа година второ по настапот на Австралија Опен во Мелбурн. Најмногу настапи има на УС Опен во Њујорк.

Листа на тенисерките кои ќе играат во квалификациите.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани