Амар Хусеиновиќ и Јана Божиновска и оваа недела се најдобро рангираните македонски тенисери во категоријата до 18 години. Хусеиновиќ се наоѓа на 542.то место со 112.75 поени кој има пад за 11 места, додека Божиновска со 36 поени е рангирана на 1414.то место без промена на рангот.
Кај момчињата Александар Трифуновски има скок за 11 позиции и се наоѓа на 1063.то место, додека ранг имаат уште Филип Стојановски и Горјан Вукичевиќ. Кај девојчињата до 18 години, покрај Божиновска ранг имаат уште и: Катја Ивановска, Сара Митевска, Ана Митевска, Теона Андова, Ивана Милкова и Зара Зафировска.
Кај тенисерите до 16 години најдобар пласман има Кристоијан Јанев кој е рангиран на 296.то место (пад две места) со 260 поени. Вкупно 15 македонски тенисери имаат ранг. Кај девојчињата до 16 години Сара Митевска е најдобро рангирана на 238.то место со 380 поени (пад за две места).
Митевска воедно е нашата најдоброрангирана тенисерка до 14 години – 47.мо место, а уште три имаат ранг. Кај тенисерите до 14 години најдобро рангиран македонски тенисер е Марко Алексовски на 246.то место со 84 поени (пад за едно место).