Почетокот на новата недела значи и нов ранг за македонските тенисери на АТП ранг листата во двете конкуренции. Калин Ивановски е најдобро рангиран, но има пад за четири позиции и се наоѓа на 309.то место со 173 поени или еден помалку од претходната недела. Горазд Србљак нема никаква промена – 1047.место со 10 поени (исто како претходната недела). Обрад Марковски сега е на 1458.то место со скок од пет места со три поени.
Во конкуренција на двојки Ивановски има пад за 21 позиција и се наоѓа на 669.то место со 71 поен или четири помалку, додека Берк Бугариќ е рангиран 1348.то место со 16 поени (пад за седум позиции). Марковски во двојки има пад за 142.места и сега се наоѓа на 1608.то место со 9 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е на 2102.то место (скок за две позиции) со 3 поени.