Новата АТП листа поради УС Опен и новото рангирање се појави уште денеска, а најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски има пад од 23 позиции и сега се наоѓа на 330.то место на АТП листата со 162 поени. Падот се должи на тоа што оваа недела Ивановски не играше, а во истиот период лани победи на турнирот во Монастир што беше негова прва турнирска победа. Сега има 14 помалку од претходната недела.
Со ист број поени другите македонски тенисери имаа мали поместувања нагоре на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1131.то место со 8 поени (скок три места), а Обрад Марковски е рангиран на 1216.то место со 6 поени (скок 8 места). Овие двајца играчи од вторник ќе бидат дел од фјучрс турнирот што ќе се игра во Куршумлијска Бања во Србија, додека Калин Ивановски ќе настапи на Челинџер турнирот во Мајорка каде за противник во првото коло ќе го има Жоао Соуса од Португалија (34.год, 259.место АТП). Мечот ќе се игра најверојатно во вторник.
Во конкуренција на двојки Ивановски е на 625.то место со 81 поен (пад за шест места), Марковски е рангиран на 1093.то место – 28 поени (пад 67 места и четири поени помалку од претходната недела). Берк Бугариќ е на 1330.то место со 16 поени, а Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2039.то место со 3 поени.