Македонскиот тенисер Горазд Србљак не успеа да ја мине втората пречка на фјучрсот во Куршумлијска Бања, Србија. Тој загуби од Бразилецот Жоао Едуардо Шесл со 2-1 во сетови (75 67(12) 10-8 на поени). Мечот поради дожд беше прекинат во четвртокот при водство на Србљак од 5:4 во првиот сет, а во петокот поради изболилните врнежи од дожд не се играше.
Во продолжението денеска претпладне Бразилецот Шесл го доби првиот сет со 7:5 во гемови, а вториот сет на крајот заврши во корист на македонскиот тенисер во тај -брекот 7:6 на поени 14:12. Во решавачкиот сет бразилскиот тенисер беше поуспешен и го доби сетот со 10:8 на поени.
Србљак кој мина и две квалификациски кола за пласманот во второто коло ќе добие еден поен.