Несреќен пораз на Македонија во дуелот со Норвешка

April 8, 2025

Несреќен пораз на македонската женска репрезентација од 2:1 од Норвешка во мечот од 2.коло од Ц групата на Били Џин Кинг купот што се игра во Ларнака, Кипар. По двата сингл меча резултатот беше нерешен 1:1, па така победникот во овој меч се решаваше во играта во двојки. Македонскиот дубл добро го почна мечот и имаше водство од 4:1 во гемови, но потоа ривалките направија серија од пет гема и го добија првиот сет 6:4 во гемвои што значеше водство од 1-0 во сетови. Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска „се вратија“ во мечот и изедначија на 1-1 во сетови откако вториот сет го добија на убедлив начин со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет на поени Улрике Еикери и Малене Хелго од Норвешка поведоа со 4:1 на поени и предноста ја одржуваа искористувајќи ја втората меч топка и решавачкиот сет го добија со 10:5 на поени.

Претходо во првиот сингл меч Еикери ја совлада Стоилковска со 2-0 во сетови (63 62)и Норвешка поведе со 1:0, а Ѓорческа изедначи на 1-1 откако го доби мечот со Хелго со убедливи 2-0 во сетови (60 62).

Утре во мечот од третото коло Македонија ќе игра против Косово.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани